Младите во светот претставуваат центар на моќта, прогресот и авангардата, но во Македонија на младите им треба сериозно будење и позиционирање како релевантен фактор – изјави Марко Богданчески, младински активист на јавната дебата во Прилеп. Младински образовен форум, Реактор истражување во акција и 49 други младински организации ја организираа 17та јавна дебата наречена Република млади, … Continue reading
На денешната трибина од циклусот јавни дебати насловени “Република Млади“ која се одржа во Битола, најголем број присутни беа учениците од средните училишта. Во организација на неформалната коалиција „Во одбрана на младинското учество“ оваа дебата имаше цел да обезбеди простор за дискусија за проблемите, приоритетите и предизвиците на младите во Битола. Неда Коруновска од Реактор … Continue reading
Кој е виновен за состојбата на младите беше главното прашање кое денеска го дискутираа младите од Охрид на тринаесеттата јавна дебата од циклусот Република Млади. Младите претставници од невладините организации и политичките партии дебатираа дали вината за пасивизмот лежи исклучиво кај младината или пак токму системот, државата и институциите се оние кои намерно ги “држат” … Continue reading
Младите од Струга денес во Американското катче имаа можност да дискутираат за нивните проблеми и потреби. Оваа дискусија беше единаесеттата во склоп на циклусот јавни дебати -Република Млади. Покрај секојдневните известувања за конфликти изминативе неколку дена, младите Македонци, Албанци и Турци од Струга покажаа дека знаат како заедно да дискутираат за заедничките проблеми, идеи и … Continue reading
Вчера, во општинската зграда на Кратово, се одржа јавна дебата на која младите од овој град имаа можност отворено да зборуваат за своите проблеми и интереси. Десетта дебата во овој циклус Република Млади, ги предизвика младите во Кратово да поставуваат прашања, но и да бараат одговори од институциите. Младите кратовчани ги истакнаа недостатоците на овој … Continue reading
„Младинскиот национален парламент треба да биде мост меѓу младите и институциите“, рече Стојанче Цонев, ученик од училиштето М.М Брицо на јавната дебата за профилот, проблемите и приоритетите на младите во Македонија, организирана од страна на неформалната коалиција „Иницијатива за одбрана на младинското учество“ Најдискутирана тема на дебатата беше младинскиот парламент. За младите во Делчево оваа … Continue reading
Невработеноста кај младите е еден од најголемите проблеми со кој се соочуваат младите во Неготино. Според последните податоци од Заводот за статистика, 26% од младите во Неготино се невработени, а проблемот со невработеноста особено е потенциран во најстарата возрасна група, помеѓу младите на возраст од 25 до 29 години каде таа е најзастапена. Во Неготино, … Continue reading
Истражувањето е спроведено од Реактор – истражување во акција на репрезентативен стратифициран примерок од 1.204 испитаници на возраст од 16 до 29 години. Истражувањето е базирано на прашалник развиен од страна на Меѓународната организација на трудот и има за цел да придонесе кон подобро разбирање на реалноста на транзицијата на младите од образованиот систем до … Continue reading
На вчерашната јавна дебата во Куманово, на која присуствуваа осумдесетина млади се дискутираше отворено за проблемите со кои се соочуваат младите во оваа општина. Според последните податоци од Државниот завод за статистика, во Куманово живеат 25.106 млади лица на возраст од 15 до 29 години, од кои како невработени се водат 24.9%. Најзагрозена возрасна група … Continue reading
Еден од најголемите проблеми на младите во Република Македонија е невработеноста. Додека во државата вкупната стапка на невработеност е 32%, за младите на возраст од 15 до 29 години таа е значително повисока и изнесува дури 45.8%, што значи дека речиси половина од младите во Македонија се невработени. 99% од младите сакаат да работат, а … Continue reading
Главниот проблем на младите од Гостивар е тоа што гласот на младите не успева да стигне до институциите кои треба да третираат младински проблеми. Младите имаат што да кажат, но нивните идеи не се слушнати. 72.2% средношколци сметаат дека не можат да влијаат или можат многу малку да влијаат врз работата на локалните власти. Оваа … Continue reading
Јавна дебата за профилот, проблемите и приоритетите на младите во Македонија. Иницијативата за одбрана на учеството, поддржана од 47 младински и граѓански организации ве поканува на јавна дебата чија основна цел е да ги поттикне младите директно да ја практикуваат демократијата и самостојно да одлучуваат за своите приоритети. Агенда: 10.45 – 11.00 Регистрација на учесниците … Continue reading
Република Млади во Ресен Последните податоци од Заводот за статистика велат дека во Ресен живеат 3646 млади на возраст од 15 до 29 години кои сочинуваат 22.4% од вкупното население. Од нив, дури 682 или 27% од вкупно пријавените 2496 се невработени. Поразителен е фактот дека во најстарата возрасна група, младите на возраст од 25 … Continue reading
Република Млади ви ја најавува петтата јавна дебата за профилот, проблемите и приоритетите на младите која ќе се одржи утре, 14ти февруари во Ресен. Во сабота на 18ти февруари се гледаме во Гостивар. Поради отежнатите временски услови и препораките на младите активисти од локалните заедници, јавните дебати во Охрид, Дебар Прилеп и Струга ќе бидат … Continue reading
Главен проблем на младите во Штип претставува недостатокот на младински глас во одлуките иако тие имаат идеи кои треба да бидат чуени, беше пораката на младите штипјани на дебатата која се одржа денес во хотел „Оаза“, дел од циклусот јавни дебати Република Млади. Класичните структури на организирање на младите не функционираат и се занимаваат со … Continue reading
ОСНОВИ ЗА ФОРМИРАЊЕ НАЦИОНАЛЕН МЛАДИНСКИ ПАРЛАМЕНТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Што е Национален младински парламент? Национален младински парламент е чадор организација и највисокото преставничко тело на младите во Република Македонија. Тоа е тело кое е признаено од државата како репрезент на ставовите и одлуките на младите во државата и тело кое ја претставува Република Македонија во … Continue reading
Република Млади во Велес Непроменетата состојба на застапеност на младите во процентот на вработеност во последните 4 години укажува дека мерките што се преземаат за намалување на невработеноста не одговараат на потребите на младите. Младите во Велес сочинуваат една четвртина од вкупниот број на невработени. Овие заклучоци доаѓаат од истражувањето кое денес во Велес го … Continue reading
Институциите ретко се чувствуваат обврзани да го почитуваат „правото на учество“ на младите, а младите не сметаат дека учеството е нивна граѓанска одговорност. Вакви заклучоци доаѓаат од истражувањата кои денес, 2ри февруари, на јавна дебата во Кичево ги презентираше Иницијативата за одбрана на младинското учество, во рамките на циклусот од 18 јавни дебати низ целата … Continue reading
47 организации од Иницијативата за одбрана на младинското учество, денес, на 31 јануари, во Тетово ја организираа првата од серијата 18 јавни дебати за профилот, проблемите и приоритетите на младите во Македонија. Граѓанската пасивност, невработеноста и исклученоста на младите од носењето одлуки беа главните теми на кои гостите говорници и публиката дискутираа и нудеа решенија. … Continue reading
18 јавни дебати за профилот, проблемите и приоритетите на младите во Македонија Иницијативата за одбрана на учеството, поддржана од 47 младински и граѓански организации организира циклус од 18 јавни дебати во 18 градови во Македонија чија основна цел е да ги поттикне младите директно да ја практикуваат демократијата и самостојно да одлучуваат за своите приоритети. … Continue reading
На 23 декември, во организација на Центарот за меѓукултурен дијалог, во Куманово се одржа панел дискусијата “Каков закон за млади ни е потребен?”, на која учество зедоа претставници од Центарот за меѓукултурен дијалог, Младинскиот образовен форум, Коалицијата на младински организации – СЕГА, Националниот ромски центар, претставници на други младински организации, неформални групи како и повеќе … Continue reading
Владата го повлече Предлог-законот за млади English version of the text provided by Metamorphosis Foundation: Youth organizations welcome the withdrawal of the proposed Youth Law 45-те младински и граѓански организации ја поздравуваат одлуката на Владата на Република Македонија да го повлече Предлог-законот за млади, кој од експертската и пошироката јавност беше оценет како недемократски и … Continue reading
Иницијативата за одбрана на младинското учество, составена од 45 младински и граѓански организации, денеска пред Собранието на Република Македонија ги повика пратениците да не го одобруваат Предлог-законот за млади, пред истиот да претрпи коренити измени. Ваквата реакција доаѓа откако Собраниската комисија за образование, наука и спорт ненадејно за 2ри ноември закажа второ читање на нацрт-текстот, … Continue reading
45-те младински и граѓански организации, поддржувачи на иницијативата за одбрана на младинско учество, изработија предлози за изменувања и дополнувања на Предлог-законот за млади. Предлозите, во форма на пречистен текст на Предлог-законот, ги доставија до Собранието на Република Македонија и до подмладоците на политичките партии. Пречистениот текст на изменетиот Предлог-закон за млади, на македонски, албански и … Continue reading
44 организации доставија предлози за измени на Предлог-законот за млади Иницијативата на младинските и граѓанските организации за подобрување на Предлог-законот за млади доби поддршка и од подмладоците на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ. Овој заклучок беше донесен на средбата на која 44-те организации ги претставија своите предлози за измени и дополнувања на нацрт-текстот на Законот за … Continue reading
Парламентарци, организации и млади дискутираа на иста маса На двочасовната трибина која се одржа денес во ЕУ Инфо центарот, организирана од 39 младински организатори – иницијатори за одбрана на учеството на младите во носењето на младински одлуки беше првата јавна трибина во која пратеници, претставници на невладини организации и млади дискутираа на иста маса за … Continue reading
„Закон за млади – младинско и граѓанско учество за обезбедување демократски законски решенија” Дали организирањето на младите треба да биде уредено со закон за млади? Дали предложениот закон гарантира транспарентност и вклученост на младите во креирање на младински политики на локално и национално ниво? На кој начин прашањето на младинското органзирање е уредено во другите … Continue reading
Иницијативата за одбрана на учеството на младите во носењето одлуки на државно и локално ниво добива нови поддржувачи. Кон реакциите на Предлог-законот за млади се приклучија и НВО УФУК, Здружението на млади пожарникари волонтери “Сфера” – Битола, АИЕСЕК – Македонија и Асоцијација за Демократски Развој на Ромите „Сонце“ – Тетово, со што бројката на поддржувачи … Continue reading
Пратеникот Павле Трајанов, член на владејачкото мнозинство во Парламентот, реагира со критички осврт на одредбите од Предлог-законот за млади со кои се предвидува огромно влијание на Владата во младинското организирање. Реакцијата на пратеникот Трајанов се поистоветува со аргументите на 38-те организации кои ја предводат иницијативата за одбрана на младинското учество. Извор: Алфа ТВ
Иницијативата за одбрана на учеството на младите во носењето одлуки на државно и локално ниво добива нови поддржувачи. Кон реакциите на Предлог-законот за млади се приклучија и НВО УФУК, Здружението на млади пожарникари волонтери “Сфера” – Битола и АИЕСЕК – Македонија. Иницијативата ја поддржаа и претставници на Општина Гостивар и Општина Ѓорче Петров, а позитивно … Continue reading
35 младински и граѓански организации, денеска на 16ти август 2011 година, ги објавија во јавност своите забелешки на недемократските и неефективните решенија од Предлог-законот за млади кој е во собраниска процедура. Младинските организации бараат од Собранието на Република Македонија и од соодветните Комисии за европски прашања и за образование, наука и спорт, да ги земат … Continue reading
Инфографикот подолу насловен Во одбрана на учеството: Забелешки на предлог законот за млади нуди визуелен приказ на дел клучните елементи на Предлог-законот и коментар на истите.
Почитувани, Денес, на Меѓународниот ден на млади (12ти август), на иницијатива на 35 младински и граѓански организации од Република Македонија, до сите претеници, градоначалници и претседатели на совети на општините беше доставена реакција по повод Предлог-законот за млади кој е во собраниска процедура. Идејата за донесување на ваков закон ја ценуваме за позитивна, знаејќи дека … Continue reading